Утрински Весник
Спорт

Тајсон повторно во ринг, сега против 29 години помлад противник

Тајсон повторно во ринг, сега против 29 години помлад противник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (55) на почетокот на следната година повторно ќе влезе во рингот.

Според информациите на медиумите во САД, противник ќе му биде јутјуберот, Логан Пол(26).

Тајсон уште од поодамна најави дека планира во февруари пак да се појави во рингот, но не беше познат противникот. Се чини дека изборот падна на Логан пред се поради парите.

„Таа борба се прави поради пари. Тие момци имаат 75 милиони луѓе кои ги гледаат“ неодамна изјави Тајсон.

„Челичниот“ во ноември минатата година имаше егзибициски меч со Рој Џонс, додека Логан ги одмери силите со Флојд Мејведер.

> Тајсон повторно во ринг, сега против 29 години помлад противник <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата