Утрински Весник
Спорт

Тајсон: Имам најлоши стапала во свет, во кафез Конор веднаш би ме средил!

Тајсон: Имам најлоши стапала во свет, во кафез Конор веднаш би ме средил!

Легендарниот Мајк Тајсон се подготвува за 12 септември, за борбата против Рој Џонс Јуниор, која ќе биде од ревијален и хуманитарен карактер.

По тој повод „Железниот Мајк“ е често во медиумите и одговара на прашања кои неретко немаат никаква поврзаност со борбата, прва негова по цели 15 години, откако се повлече од боксот.

Запрашан дали би имал шанси против Конор Мекгрегор во октагонот, Тајсон вели дека веднаш би загубил.

„Не би можел таму да се борам. Мислам дека Конор веднаш би ме победил. Не затоа што ќе ме разбие, туку затоа што таму може да ми застане врз стапалата. Веднаш би се предал тоа да ми се случи, не можам тоа да го поднесам. Имам најлоши стапала во светот, тоа ми е слабата точка. Конор не би морал ниту да ме удри“ – рече Тајсон.

> Тајсон: Имам најлоши стапала во свет, во кафез Конор веднаш би ме средил! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам