Утрински Весник
Спорт

Тајсон: Една од најдобрите работи штои ми се случи е смртта на мојата мајка

Тајсон: Една од најдобрите работи штои ми се случи е смртта на мојата мајка

За животната приказна на Мајк Тајсон се напишани многу текстови, снимени многу документари филмови, но Челичниот секогаш знае да изненади со своите бизарни изјави.

Откако претходно изјавуваше дека магичните печурки му го спасиле животот, сега објаснува дека смртта на мајка му била клучна за неговата боксерска кариера. Од улиците на Њујорк, Тајсон стана најмладиот светски шампион во тешка категорија на 20 години по што имаше 58 професионални меча со 50-2-6 скор и 44 нокаути и тој објаснува дека таква кариера не би можел да има без смртта на мајка си.

„Една од најдобрите работи што ми се случи беше смртта на мојата мајка. Мајка ми ќе ме направеше бебе и мек. Немаше шанси да влезам во улична тепачка, немаше шанси да научам да застанам зад самиот себе“, вели Тајсон во интерјвју со Шенон Шарп.

Самиот Шарп му посочува дека, без разлика на тоа, Тајсон ќе се сретнел со истите луѓе поради кои ќе морал да се брани. Ајрон Мајк не се согласува.

„Тоа беше поставено од Господ да се справам. Јас не го водам сопствениот живот. Мислиш дека јас самиот станав шампион во тешка категорија? Не, не го правам тоа. Тоа беше Господ“, објаснува Тајсон.

Мајката на Тајсон почина кога тој имаше 16 години оставајќи го како посвоен син на тренерот Кас Дамато.

„Имав голем ментор, кој секогаш ми го даваше она што ми беше потребно – потврда дека можам да бидам голем“, додава Тајсон.

> Тајсон: Една од најдобрите работи штои ми се случи е смртта на мојата мајка <

Можете да прочитате

Бронза за македонската џудистка Ива Богдановска на Балканското првенство во Тирана

Едисон Кавани и Бока Јуниорс ја продолжија соработката

Симоне Инѕаги експресно го одби Манчестер Јунајтед