Утрински Весник
Магазин

Тајланд: Угостители измамници осудени на 1.446 години затвор

Тајланд: Угостители измамници осудени на 1.446 години затвор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бангкок, 11 јуни 2020 (/) – Суд во Тајланд осуди двајца сопственици на ресторан на 1.446 години казна затвор, поради измами околу нарачките на храна.

Апичарт Боворнбанчарак и Прапасорн Боворнбанчарак биле уапсени откако стотици луѓе се пожалиле на измама.

Имено, минатата година ресторанот за морски плодови „Лаемгејт“ почнал со интернет-промоција за плаќање на нарачана храна однапред. Скоро 20.000 луѓе нарачале со ваучери во вкупна вредност од 1,6 милиони долари…

Сепак, компанијата подоцна објавила дека не може да одговори на побарувачката и ја затворила понудата. Луѓето платиле, а не ги добиле нарачките.

Сопствениците се обвинети за измама и манипулации со лажни рекламни пораки.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи

Секое трето дете во светот страда од миопија