Утрински Весник
Македонија

Струмичките комуналци го чистат најголемиот канал во градот

Струмичките комуналци го чистат најголемиот канал во градот

Струмица, 11 јуни 2020 (МИА) – ЈПКД „Комуналец“ со вработени од четири одделенија почна со генерално летно чистење на каналот на улицата „Крушевска Република“. Чистењето е за подобрување на изгледот и хигиената на најголемиот канал во градот, но и за да се овозможи прифаќањето на водите од големи поројни дождови во летниот период.

Како што соопштија од струмичкото комунално претријатие, во обемната акција се собрани тревата и растенијата кои претходно биле третирани со средство за сушење, како и новоизникнатата трева и растенијата во каналот, а наталожената земја и исушената кал се извадени.

ЈПКД „Комуналец“ апелира граѓаните кои живеат во овој дел на градот посовесно да се однесуваат, а домаќинствата отпадот да го пријават за да може да се подигне навреме. Воедно потсетува дека е забрането фрлање отпадоци во каналот, рт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија