Утрински Весник
Магазин

Тајванска масажа со сатари (видео)

Тајванска масажа со сатари (видео)
Ss2

 

Tajпej, 3 јуни 2020 (/) – На Тајван сѐ попопуларни се т.н. „дао лијао” масажи, а специфичноста на овие третмани е во користењето месарски ножеви, со коишто, наводно му се враќа енергијата и рамнотежата на телото, стимулирајќи го на тој начин крвотокот.

„Дао лијао“ во превод значи „масажа со ножеви” или „терапија со нож”. Рацете воопшто не се користат, туку само ножеви и, иако изгледа опасно, за вистинските мајстори – не е. Се верува дека има физички, но и емоционални моќи на исцелување.

300x250 (7)

Методот потекнува од древната кинеско-јапонска медицина стара над 2.000 години. Истражувањата посочуваат дека оваа масажа први ја изведувале монасите од Јапонија во време на кинеската династија Танг, а на Тајван се пренела неодамна, во 20. век.

Иако денес во Кина и Јапонија тешко се наоѓа „дао лијао“ масер, на Тајван последниве неколку години се многу барани и популарни. Едноставно луѓето сѐ почесто се решаваат на тој начин да се ослободат од стресот. си/гт/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината