Утрински Весник
Свет

Тачи: Само САД можат да донесат договор за взаемно признавање меѓу Косово и Србија

Тачи: Само САД можат да донесат договор за взаемно признавање меѓу Косово и Србија

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, вели дека само САД можат да донесат договор за взаемно признавање меѓу Косово и Србија и дека сите останати напори се залудни, пренесува „Коха“.

За договорот што беше потпишан на 4 септември во Белата куќа, вели дека американскиот претседател постигнал нешто невозможно.

„Во времето кога Ричард Гренел го почна ова бевме многу скептични. Кога се обиде да го оствари она што сега се случи, имавме надеж и оптимизам дека тоа е вистинската адреса и дека може да се финализира во Белата куќа. Претседателот Трамп се потруди да го овозможи тоа. Го направи тоа што други не го направија 20 години. Иако може да се види дека економската нормализација може да се случи во Ваштингтон, убеден сум дека може да се случи и политичка нормализација, а взаемното признавање може да се случи само во Вашингтон. Останатите обиди се залудни. Тоа е губење време“, рекол Тачи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“