Утрински Весник
Македонија

Тачи: ДПА ќе применува консензуална демократија

Тачи: ДПА ќе применува консензуална демократија

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Со ДПА во власта ќе се применува консензуална демократија, а јас како вицепремиер со право на вето ќе обезбедам еднаква и пропорционална распределба на буџетот, изјави Мендух Тачи на вчерашната средба со жителите на Општина Брвеница.

– Епидемија создаде тешкоти. Добро е што повеќето од заразените оздравуваат, но лошо е што тоа остава последици. Со доаѓањето на ДПА на власт, јас како вицепремиер ќе се залагам државниот буџет да биде ориентиран кон зајакнување на здравствениот систем во албанските населени места. Ова ќе биде приоритет од првиот ден, рече Тачи.

Тој, воедно, на средби во селата на Општина Врвеница, посочи дека ДПА има детален економски и политички план, односно дека имаат кадар „што ќе ги постави Албанците не заслуженото ниво“. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе

Двајца кумановци ограбиле објект во касарната

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола