Утрински Весник
Свет

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“
Dik 300x250 mk

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови.

Полицијата на местото на злосторството рано утрово откри тела на три деца – близнаци момче и девојче на возраст од седум години и 4-годишно момче.  Во спалната соба го нашле телото на четиригодишното дете на креветот, а близнаците во дневната соба. Телата на децата се пренесени во Институтот за судска медицина.

Откако се обидел да си го одземе животот, таткото на децата (56) бил однесен во болница, пишува „Јутарњи лист“. Не е познато кој пријавил дека нешто се случило во куќата, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот.

„Индекс“ пренесува дека пред бруталното злосторство, таткото објавил писмо на социјалните мрежи во кое напишал дека „го оставила девојка бидејќи неговата поранешна сопруга била лоша кон неа и останал без пари“.

Таткото бил финансиски консултант. Тој е од Виена и има своја консултантска фирма.

Можете да прочитате

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени

Централните банки купија 39 тони злато во септември