Утрински Весник
Македонија

Татко и син од Гостивар обвинети дека претепале човек поради расправија за паркинг место

Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело насилство.

Како што се наведува во соопштението, грубото насилство го извршиле на 1. октомври минатата година, кога повредиле едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Оштетениот, на критичниот ден, пристигнал со автомобил пред сопствената куќа и сакал да се паркира, но паркинг местото било зафатено. Тој започнал да свири за да се тргне паркираното возило, но во тој момент излегол првиот обвинет и започнал вербална расправија на висок тон. Веднаш потоа обвинетиот физички го нападнал оштетениот, удирајќи го во пределот на главата и лицето. Пристигнал и вториот обвинет и го фатил оштетениот за двете раце, по што првиот обвинет продолжил да го удира“, објаснуваат од обвинителството.

Оштетениот oд ударите се здобил со нагмечување на главата и на левата рака, како и крвни подливи на лицето.

Можете да прочитате

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата

Министерот Муцунски се обрати на првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива во Њујорк