Утрински Весник
Свет

Таткото на Меган Маркл: Не мислам дека кралското семејство е расистичко

Таткото на Меган Маркл: Не мислам дека кралското семејство е расистичко

Томас Маркл, таткото на британската војвотка од Сасекс, Меган, изјави дека не смета дека британското кралско семејство е расистичко и се надева дека наводната забелешка на член на семејство во врска со темната кожа на неговиот внук е само глупаво прашање, пренесува „Ројтерс“.

„Јас многу го почитувам кралското семејство и не мислам дека е расистичко. Мислам дека и Британците не се расисти, попрво мислам дека Лос Анџелес е расистички, Калифорнија е расистичка, но не мислам дека Британците се расисти“, изјави Томас Маркл за ITV.

„Ројтерс“ пренесува дека Томас изразил надеж дека проблемот што наводно се појавил околу тоа каква боја ќе има детето на неговата ќерка и принцот Хари и колку ќе биде темно е само глупаво прашање што некој го поставил, а не дека станува збор за расистичка изјава и дека ова може да биде наједноставното објаснување.

Меган претходно изјави дека на нејзиниот син Арчи, кој сега има една година, му била одземена титулата принц пред да се роди, бидејќи во кралското семејство имало загриженост за тоа колку може да му биде темна кожата кога ќе се роди.

Водителката Опра Винфри, која направи ексклузивно интервју со Хари и Меган, разговарала зад камерите со принцот Хари во врска со изјавата дека еден од членовите на кралското семејство бил загрижен оти кожата на синот Арчи ќе биде премногу темна кога ќе се роди.

По интервјуто се појавија шпекулации за тоа кој од семејството би можел да биде расист, а Хари ѝ кажал на Опра дека не станува збор за кралицата Елизабета, ниту за принцот Филип. Сепак, тој и неговата сопруга ветиле дека никогаш нема да откријат кој го рекол тоа за да ја заштитат таа личност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња