Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Таткото на Борис Џонсон прекрши мерка воведена од неговиот син

Таткото на Борис Џонсон прекрши мерка воведена од неговиот син
300x250 opst2

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, Стенли (79) ја прекршил мерката што ја воведе неговиот син и отпатувал низ Бугарија до неговата вила во Пелио, Грција.

Тој патувал и покрај препораката на форин офисот британските граѓани да не патуваат во странство доколку не треба, а неговото патување во Грција покажува дека е можно да се стигне до посакуваната дестинација преку трета земја и да се заобиколат правилата за спречување на коронавирусот, пишуваат грчките портали.

Таткото на британскиот премиер и поранешен член на Европскиот парламент, пристигнал во Грција преку Софија затоа што грчките власти забранија директни летови од Велика Британија до средината на јули.

Тој веста дека е во Грција ја објави на својот инстаграм профил.

Додаде декa иако Грција ги забранила пристигнувањата од Велика Британија, сепак Грците се многу среќни што го гледаат.

Текстот Таткото на Борис Џонсон прекрши мерка воведена од неговиот син е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа