Утрински Весник
Свет

Таткото на Борис Џонсон поднел барање за француско државјанство

Таткото на Борис Џонсон поднел барање за француско државјанство

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е во процес на поднесување барање за француски пасош со цел да ги одржи врските со Европската Унија по Брегзит.

Стенли Џонсон, поранешен член на Европскиот парламент, кој гласаше за останување на британскиот референдум во 2016 година, за радиото РТЛ изјави дека сака да стане француски државјанин поради силните семејни врски со Франција, пренесува „Ројтерс“.

„Ако разбрав правилно, јас сум Французин. Мајка ми е родена во Франција, мајка ми беше Французинка, како и нејзиниот дедо. За мене, станува збор за враќање на она што веќе го имам. И тоа многу ме радува“, рече 80-годишниот Џонсон, кој зборуваше на француски јазик.

„Јас секогаш ќе бидам Европеец, тоа е сигурно. На Британците не може да им се каже: вие не сте Европејци. Важно е да се има врска со Европската Унија“, додаде тој.

Велика Британија вечерва официјално ја напушта орбитата на ЕУ, по често напнатата 48-годишна врска со европскиот проект.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство