Утрински Весник
Македонија

Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ги интересираат работниците, не гласаа за недела неработен ден

Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ги интересираат работниците, не гласаа за недела неработен ден

Пратениците од новото парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за работни односи, недела станува неработен ден за работниците, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

„Само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата ќе работат, но за тоа овие работници ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час“, посочи Тасевска.

Таа изрази жалење што при носењето на овие законски измени, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како и оние од Левица одлучиле да не гласаат, со што, како што рече, се ставиле на спротивната страна од интересите на работниците.

Можете да прочитате

ЦУК: Итна спасувачка акција во Македонија

Горештините се враќаат – Утре до 36 степени

Доследна примена на Законот за спречување на насилството и недостојно однесување на спортските натпревари