Утрински Весник
Македонија

Таравари: ДУИ оди во опозиција, не го прифаќаме нивниот концепт

Таравари: ДУИ оди во опозиција, не го прифаќаме нивниот концепт
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците на вечерашната прес-конференција алармираше за изборни нерегуларности, но вели дека водат пред ДУИ.

„Ние сме во убедлива предност пред ДУИ“, изјави Таравари по затворањето на избирачките места.

Одговарајќи на новинарско прашање, за изјавата на Бујар Османи од ДУИ, дека сега кога избирачките места се затворени треба сите да се обединат околу концепотот за премиер Албанец, Таравари вели дека ДУИ заминува во опозиција.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои масовно излегле на овие избори и покрај тоа што, според него имале притисоци.

„Би сакал да кажам дека за време на овие избори се регистрирани бројни нерегуларности и тоа од партиите коишто се на власт, СДСМ со ДУИ. Употребено е заплашување на граѓаните, употреба на полиција, ние бевме оштетени од процесот бидејќи немаме членови во изборните комисии и полициските екипи“, вели Таравари.

Според Таравари имало „бугарски воз“ во две села во Куманово.

„Злоупотреби имало и во Сарај, во селата Бојане, Рахович и Глумово. Злоупотреби на гласачите има и во другите изборни единици, но се надевам подоцна нашите екипи ќе ги регистрираат сите и ќе објават на следната прес конференција“, вели тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче