Беноа Пер пред неколку месеци беше познат само на најдобрите познавачи на светскиот тенис, но пандемијата очигледно не влијаеше најдобро на францускиот тенисер, кој во понеделникот повторно правеше „шоу“ по пораз, овојпат на Мастерсот во Рим.
Со само две победи во последните 37 меча, Пер во Рим загуби од Италијанецот Стефано Траваља со 6:4/6:3, но најголемо внимание предизвика неговиот потег на почетокот на вториот сет, кога се убедуваше со судијата дека направил погрешна одлука при аут на негов втор сервис. Иако аутот беше потврден и од „Хок-ај“ технологијата, Пер по загубениот гем го извади мобилниот телефон и ја фотографираше линијата во обид да го убеди судијата.
Тој беше предупреден дека ќе биде казнет за потегот, но Французинот изјави дека ќе ја плати казната, колку и таа да е голема бидејќи „никогаш не видел таква грешка“.
Низата инциденти кои ги предизвика оваа година на тениските терени е огромна (видете ги линковите подолу) заедно со изјавите дека игра тенис само за пари ја предизвикаа Француската тениска федерација да потврди дека тој нема да биде повикан за олимпискиот тим во Токио. Глупирањето продолжува…
Французите го суспендираа Пер – Контроверзниот тенисер нема да игра на ОИ
Пер: Доаѓам на турнир, губам, ќе заработам некоја пара, па одам на друг!
Пер: Тенисот е ср..е, го играм само поради парите
Беноа Пер повторно збесна на теренот, па доживеа елиминација во Буенос Аирес
> Таман мислевме престанал да се глупира, ново „шоу“ од Беноа Пер <