Утрински Весник
Свет

Талибанците сакаат да воспостават дипломатски односи со Германија

Талибанците сакаат да воспостават дипломатски односи со Германија

Талибанците сакаат да воспостават дипломатски односи со Германија, изјави  портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид за весникот „Велт ам Зонтаг”.

Талибанците исто така би сакале да добијат финансиска поддршка и хуманитарна помош од Германија, како и други земји, за да соработуваат во здравството, земјоделството и образованието.

„Во минатото, Германците секогаш биле добредојдени во Авганистан. За жал, тогаш им се придружија на Американците, но сега им е простено“, рече портпаролот.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека Берлин може да ја продолжи помошта за развој за Авганистан, но еден услов е Талибанците да формираат широка влада. Другите се дека треба да обезбедат да не ги засолнат терористите, да ги почитуваат човековите права, а особено женските права, да не го попречуваат пристапот до хуманитарна помош и да дозволат странци и ранливи Авганистанци да ја напуштат земјата.

Можете да прочитате

Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормуската Теснина

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток