Утрински Весник
Свет

Талибанците го зазедоа и Кандахар, луѓе бараат спас од бруталниот режим

Талибанците го зазедоа и Кандахар, луѓе бараат спас од бруталниот режим

Талибанците го зазедоа Кандахар, вториот по големина град во Авганистан, пренесува Си -Ен -Ен. Тоа е град со речиси половина милион жители сместен на југот на земјата.

Само неколку часа претходно, талибанците го зазедоа главниот град на западната провинција Херат, која воедно е и трет по големина град во Авганистан. Радикалните исламисти, застапници на најстрогиот шеријат, сега го контролираат полицискиот штаб, канцеларијата на гувернерот и градскиот затвор, соопштија советникот Гулам Хабиб и пратеничката во провинцискиот парламент, Рахима Џами.

Талибанците веднаш ги ослободија сите затвореници од градскиот затвор, додека високи владини претставници, вклучително и гувернерот, побараа засолниште во близина на аеродромот.

Во провинцијата Херат, која има долга граница со Иран, има два гранични премини кои се клучни за економијата на земјата – Кала и Торгунди.

Талибанците веќе ја презедоа контролата врз трговските пристаништа.

Соочени со нивниот напад, илјадници луѓе бегаат од страв од бруталниот режим што оваа радикална исламистичка група го спроведува на територијата под нејзина контрола.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година