Утрински Весник
Свет

Талибанците во офанзива за контрола врз Авганистан: „Има жестоки судири, ова е тотален хаос“

Талибанците во офанзива за контрола врз Авганистан: „Има жестоки судири, ова е тотален хаос“
Dik 300x250 mk

Жестоки судири започнаа денеска рано наутро меѓу авганистанската армија и талибанците во центарот на Кундуз, главниот град на провинцијата, соопштија локалните водачи и жители.

„Насилни судири, улица по улица, се случуваат во различни делови на градот. Безбедносните сили се повлекоа кон аеродромот”, изјавил за АФП членот на провинцискиот совет, Амрудин Вали.

„Талибанците дојдоа на централниот плоштад во Кундуз, тие беа бомбардирани од воздух“, рече Абдул Азиз, жител од центарот на Кундуз.

„Во градот владее тотален хаос“, додаде тој.

Талибанците во петокот и саботата ги зазедоа главните градови на две оддалечени провинции, Заранџ на југозападот од земјата и Шеберган на северот.

Доколку успеат да го освојат и Кундуз, тоа ќе биде победа без преседан и чекор кон враќање на власт. Кундуз важи за голем трговски центар.

Судирите меѓу авганистанските владини сили и талибанците се интензивираат низ целата земја паралелно со повлекувањето на меѓународните сили предводени од САД, по 20 години војување.

Талибанците окупираа огромни рурални области во последните три месеци, а цивилите избегаа од некои региони, создавајќи нова бегалска криза.

Сега бунтовниците против меѓународно признатата влада се насочени кон офанзива врз поголемите градови и досега опколија неколку провинциски главни градови, вклучувајќи ги Кандахар и Херат, вториот и третиот по големина град во земјата.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил