Утрински Весник
Македонија

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, неофицијално, поради тешки респираторни проблеми кои ги имал изминативе денови.

Информацијата за „Макфакс“ ја потврди портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој кажа дека нема повеќе детали поради тоа што е отсутен од државата.

Претходно, позитивен тест на коронавирус имаа министерот за образование, Арбер Адеми и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои информацијата ја споделија на социјалните мрежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски во Кочани ќе означи почеток на изградба на сообраќајни и водоводни проекти

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани