Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Талат Џафери упати четитка по повод Фитер Бајрам

Џафери: Власта и опозицијата се договорија за деблокирање на 123. собраниска седница  
Img 7972

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на сите верници кои денеска го слават големиот празник Фитер Бајрам што е круна на светиот месец Рамазан, им упати искрени честитки за добро здравје, бериќет и мир во душите и домовите.

– Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие, вели во честитката Џафери.

Почитувани мои, порачува, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски.

– Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!, стои во честитката од Џафери. цр/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник