Утрински Весник
Магазин

„Сè е до самодовербата!“ Џеј Ло се чувствува одлично бидејќи се грижи за својата кожа

Џенифер Лопез во вторникот сподели ново видео на официјалната Инстаграм-страница на сопствениот бренд „Џеј Ло бјути“.

dobivaj vesti na viber

Поп-ѕвездата и актерка (53) носи бел фустан додека зборува за својот нов производ за нега на кожа на тело, Booty,  за кој вели дека има инстант ефект и прави телото на жената да изгледа поинаку.

„Сè е до самодовербата,“ вели таа, додавајќи дека жените сигурно ќе ја стекнат доколку ги користат нејзините производи, направени со помош на хемичари.

„Моќта на „Џеј Ло бјути“ … сега за тело. Линијата „Џеј ЛО боди“ е клинички тестирана линија за нега на кожа на тело со високи перформанси.  Дава резултати што можете веднаш да ги видите и почувствувате – и со тек на време, резултатите едноставно стануваат сè подобри и повидливи.“

Сирената, која минатата недела го славеше својот роденден во Европа во друштво на новиот сопруг Бен Афлек, позира во црн костим за капење кој ја истакнува нејзината импресивна фигура.

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата