Утрински Весник
Магазин

Суптилна елеганција во црно: Катрина Балф на настан во Лос Анџелес

Суптилна елеганција во црно: Катрина Балф на настан во Лос Анџелес

Катрина Балф има софистициран и аристократски изглед на премиерата на шестата сезона на британско-американската серија „Аутлендер“ во Беверли Хилс.

Ирската актерка, продуцент и поранешен модел носеше гламурозен црн фустан на Каролина Херера за истовремениот настан што ја одбележа шестата сезона на драмската серија, а кој се одржа и во Лондон и во Лос Анџелес во четвртокот.

Иако лично не присуствуваше на премиерата во Лондон, таа се дотера за посебниот настан од далечина во хотелот Four Seasons во Лос Анџелес, Беверли Хилс.

42-годишната актерка изгледа светови далеку од ликот што го толкува во серијата, Клер Фрејзер, додека позира за фотографите пред да открие зошто останала во Лос Анџелес.

Таа се огласи на Твитер за да објасни дека не може да присуствува на настанот во Лондон поради статусот на нова мајка и ги замоли своите фанови за „малку милост додека се приспособува на новиот свет“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста