Утрински Весник
Спорт

Супо е новиот тим-менаџер на Сузуки

Супо е новиот тим-менаџер на Сузуки

Италијанецот Ливио Супо ќе биде новиот тим-менаџер на фабричкиот тим на Сузуки во Мото ГП шампионатот.

Сузуки, во зимскиот период бараше тим-менаџер за 2022 година. Лидерот на проектот на Сузуки, Синичи Сахара решил тоа да биде Супо.

Ливио Суп е добро позанат лик во мото-спортот. Кариерата ја започнал пред три децении.

Работел во Хонда, во пониските класи, а 11 години бил лидер на проектот на Дукати. Во тој период соработуваше со Кејси Стонер, кој тогаш стана светски првак. Работеше и во Хонда, како прв човек. Во тој период Хонда освои пет титули.

Еден период Супо не беше во Мото ГП, работеше со електрични мотоцикли. Сега, по пауза од неколку години, се враќа во Мото ГП.

> Супо е новиот тим-менаџер на Сузуки <

Можете да прочитате

Македонија во третиот барабан во квалификациите за СП 2026

Батон: Верстапен сфати дека нема да извојува победа до крајот на 2024 година

Молина: Мбапе има проблеми со алкохолот