Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сунес: Салах е најсебичниот фудбалер на светот

Сунес: Салах е најсебичниот фудбалер на светот
300x250 opst2

Легендата на Ливерпул, Греем Сунес го оцени Мохамед Салах како „гол машина“ и можеби најдобриот фудбалер на светот во моментов, но исто така посочи дека Египќанецот е „најсебичниот фудбалер“ кого тој имал шанса да го гледа.

Салах од пристигнувањето во Ливерпул од Рома во 2017 има 137 гола во 214 настапи за „црвените“, од кои 13 гола се оваа сезона. Сунес го цени тоа, но вели дека бројките се такви поради себичноста во шестнаесетникот.

„Се согласувам со Јирген Клоп дека Мохамед Салах е најдобриот фудбалер на светот оваа сезона. Но, исто така е и најалчниот фудбалер кого сум имал шанса да го видам. Сите кои се на врвот имаат таков фактор, но тој е екстремно себичен. Личните достигнувања му се важни и затоа шутира од секоја позиција, нешто што ги нервира неговите соиграчи, посебно Мане. Другите го прифаќаат тоа бидејќи е толку добар.  Или дава голови или ги става на мака голманите, и затоа е тешко да го критикуваш. Тоа можеби за него е и комлимент, но гол-машина е поради неговата себичност“, вели Сунес во колумна за „Тајмс“.

> Сунес: Салах е најсебичниот фудбалер на светот <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица