Утрински Весник
Спорт

Сукњите не се само за жени – прашајте го Расел Вестбрук

Сукњите не се само за жени – прашајте го Расел Вестбрук

Последната фотосесија на деветкратниот НБА Ол-стар, Расел Вестбрук предивика многу реакции на социјалните мрежи, откако тој носеше сукња, кои некои сметаа дека е „неверојатно мажествена“, додека други се прашуваа дали кошаркарот само сака да предизвика внимание.

Ѕвездата на Лејкерс, кој посочи дека сака да биде нарекуван ГОАТ (Greatest of all time), носеше долга бела сукња и црни чизми во необичен избор на облека.

„Пофалба до мојот брат што секогаш е тој самиот, без да му е страв да ризикува“, вели Пи џеј Такер од Мајами хит.

Иако во Шкотска на пример (познатите килтови), носењето на сукњи не е ограничено само на жените, ова е најверојатно вторпат по Денис Родман една НБА ѕвезда да облече традиционално женска облека.

View this post on Instagram

A post shared by Russell Westbrook (@russwest44)

> Сукњите не се само за жени – прашајте го Расел Вестбрук <

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа