Утрински Весник
Магазин

Судот му дозволи на Харви Вајнстин да поднесе жалба на пресудата за силување

Највисокиот суд во државата Њујорк се согласи да му дозволи на поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин да поднесе жалба на пресудата за силување и сексуален напад, со што доби шанса да му биде одобрено ново судење.

dobivaj vesti na viber

„Главниот судија Џенет ДиФиоре дозволи жалба на 19 август“, се наведува во писмото испратено од судот до адвокатите на Вајнстин, а до кое дојде „Ројтерс“ во средата.

Во писмото не се наведени детали кои причини довеле до одлуката, но сепак, ова нема никакво влијание за дополнителните обвиненија за силување поднесени против него во Калифорнија.

По вагање на аргументите на адвокатите и обвинителите на Вајнстин, судот може да ја потврди пресудата или да нареди ново судење.

Минатиот јуни, понискиот апелационен суд ја потврди пресудата, отфрлајќи ги аргументите дека судијата во Менхетен направил неколку грешки што, наводно, му наштетиле на судењето.

Вајнстин (70), холивудски моќен брокер кој ги продуцираше Pulp Fiction, Shakespeare in Love и Gangs of New York, стана една од најистакнатите мети на движењата #MeToo и #TimesUp кои укажуваа на сексуална злоупотреба на највисоки нивоа на корпоративна Америка, во забавната индустрија и во медиумите.

Во февруари 2020 година, поротата на Менхетен го прогласи Вајнстин за виновен за силување на поранешна млада актерка и сексуален напад на асистент на продукција.

Судијата го осуди на 23 години затвор.

Можете да прочитате

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT

Прославата „Свадбена ноќ“ на духовниот учител Руми ќе привлече десетици илјади посетители во Коња во Туркије