Утрински Весник
Македонија

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за  изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од судењето за невладината организација Меѓународен сојуз. Според судот, барањето е неосновано.

„По повод барањето за изземање, одлучено е барањето за изземање да е одбиено како неосновано”, соопшти судијката Гаврилова-Ефремова на почетокот од судењето.

Бојан Јовановски и на денешното рочиште побара изземање на претседателот на судијката, но овојпат и на целиот судечки совет.

„Поради основано сомневање дека судијката е политички иструирана и поврзана со претседателот на овој суд за кој знам како е избран, што ми дава право за сомневање за систем на сврзани садови, имам сомневање дека овој судечки совет е контролиран од премиерот Зоран Заев и други политички субјекти. Новата околност укажува дека на минатото рочиште судијата без никаква навреда моја кон судот или личноста на судијата во запосникот нотираше дека јас сум ја навредил и сум го навредил овој суд. Сомнежот за непристрасно судење е дека јасно може да се види односнот кон едната страна во оваа постапка односно Обвинителството и обвинетите кои седат на оваа клупа ни криви ни должни”, рече Јовановски.

Првообвинетиот Бојан Јовановски, на минатото рочиште рече дека барањето е поради пристрасност, бидејќи судијката била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“.

На самиот почеток, судијката го опомена Бојан Јовановски, бидејќи на неа и се обрати со зборовите: „Немојте да се дерете, не сме мали деца”. Реакцијата на Јовановски доаѓа откако судијката Гаврилова Ефремовска ја прекина обвинетата Фросина Ташевска-Ременски за да даде објаснување за што смее да се произнесе пред судот.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како почесен претседател на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“