Утрински Весник
Македонија

Судењето за „Рекет“ одложено за 24 април

Судењето за „Рекет“ одложено за 24 април

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 24 април, откако денешното рочиште беше одложено поради состојбата со корона вирусот во Затворот Шутка.

Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна посапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.

– Денешното рочиште се одложи поради состојбата со коронавирусот во Затворот Шутка и треба да продолжи на 24 април. Во фаза сме на изведување на докази од ЈО – вештачења за кои треба да се потврди дали тие вешти лица имаат лиценци и да се пристапи кон изведување на тие вештачења, информираше за МИА, адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.

На претходните неколку рочишта се презентираа докази од Катица Јанева – искази на обвинители од СЈО, поради што тие беа затворени за јавност. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”