Утрински Весник
Свет

Судењето за отповикување на Доналд Трамп ќе започне в понеделник

Судењето за отповикување на Доналд Трамп ќе започне в понеделник

Претставничкиот дом на САД в понеделник ќе достави предлог до Сенатот за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт.

На тој начин ќе започне судска постапка што може да ја „затвори вратата“ тој повторно да се кандидира на претседателските избори, изјави денеска лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.

„ Претставничкиот дом ќе достави член за отповикување до Сенатот. Сенатот ќе спроведе судење за отповикување на Доналд Трамп. Ќе биде целосно судење. Ќе биде праведно судење”, рече Сумер во Сенатот, пренесува Ројтерс.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, предложи почетокот на судењето за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп да се одложи за една недела или повеќе, за Трамп да има време да ја подготви својата одбрана. Сепак, Меконел им рече на своите републикански колеги дека краткото одложување ќе му даде време на Трамп да го подготви и состави неговиот правен тим, што ќе обезбеди правично судење.

Процесот пред Претставничкиот дом ќе го водат девет менаџери за отповикување кои редовно се состануваа за да разговараат за стратегијата.

Демократите се надеваат дека ќе го водат процесот, притоа носејќи закони кои се приоритет за Бајден, вклучително и олеснување заради пандемијата на коронавирусот, но за тоа им треба одредена соработка од републиканските сенатори. Демократите велат дека постапката треба да се одвива брзо, бидејќи сите биле сведоци на опсадата, додека многумина избегале заради загрозената безбедност додека бунтовниците упаднале во Конгресот.

Претставничкиот дом го отповика претседателот во заминување една недела подоцна, а десет републиканци гласаа за отповикување на Трамп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд