Утрински Весник
Економија

Сугарески: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, наесен ќе бидат пуштени првите километри

Сугарески: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, наесен ќе бидат пуштени првите километри

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – На автопатот Кичево-Охрид се работи и дел од километрите наесен ќе бидат пуштени, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Општина Ѓорче Петров.

Сугарески  информираше и дека изминатиот период се работело на подготвителни активности за обнова на делницата Ќафасан – Струга.

– Тоа е една од клучните делници и во наредните неколку месеци очекувам да биде рехабилитиран целосно, рече Сугарески.

Тој очекува капиталните инвестиции во ресорот транспорт годинава да ја надмине ланската реалзиација од 86 проценти.

– Апсолутно целата динамика во делот на реализација на капиталните инвестиции продолжува. Ресорот транспорт согласно она што го има како реализација од ден на ден се повеќе ги зголемува капиталните инвестиции и ако видиме дека ланската година имаше 86 проценти реализација, ресорното Министерство и Јавното претпрјатие за државни патишта, очекувам оваа година да биде над тоа. Сите проекти и покрај здравствената криза која се уште ја имаме одат целосно и ќе бидат реализирани. Очекувам проектите што во голем дел ги започнавме до крајот на годината да бидат реализирани, а исто така и оние проекти коишто очекуваме во наредниот период да почнат до крај на годината или во почетокот на наредната година да бидат завршени, рече Сугарески. лв/сп/

Изјава на министерот Сугарески

Posted by MИА.mk on Четврток, 28 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?

На 17 септември се одржува првата конференција „Бизнис Лидер“

Вучиќ директно влегува во Македонија преку Алта банка?!