Утрински Весник
Македонија

Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески објави дека поднел оставка од партиската функција поради лошите резултати на локалните избори.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки“, напиша Сугарески.

Додаде дека секогаш ќе остане социјалдемократ, како и дека ќе остане верен на партијата.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата