Утрински Весник
Економија

Сугарески: Наскоро првиот тендер за проектот „Македонија без кал“

Сугарески: Наскоро првиот тендер за проектот „Македонија без кал“
Dik 300x250 mk

Штип, 18 мај 2020 (МИА) – До крајот на мај или почетокот на наредниот месец се очекува распишување на првиот тендер за инфраструктурен проект на Владата, „Македонија без кал“, најави денеска во Свети Николе министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Станува збор за 15 до 20 општини, согласно оние најспремни проекти коишто се, а потоа за месец до два ќе се распишува и вториот и третиот тендер. Значи сите активности очекуваме да почнат од следниот месец, со распишување на првите тендери се со цел да по завршувањето на нив да отпочне со изградба на улици и патишта, рече Сугарески.

Прашан за изградбата на брана на река Отиња, кој е во фаза на коригирање на одредени забелешки од ИЗИС, Сугарески истакна дека не сака никој да му ги вади изјавите од контекст, бидејќи никаде во последната изјава дадена во штипскиот регион не спомнал ревизија на проектот. Според него, станува збор за проект на Општина Штип, за кој пред да се достави барањето за добивање на градежната дозвола, треба да се комплетира и оваа документација.

– Моите очекувања се штом целосно биде доставена  документацијата од општината, ќе биде разгледана дали е се во ред и потоа да се издаде одобрение за градба, а во Министерството за транспорт и врски се предвидени средства за изградба на браната на река Отиња. Не сакам да бидам ваден од контекст никаде, изјава Сугарески

Изградбата на брана на река Отиња, која треба да се одвива во временски период од три години, чини околу 7,5 милиони евра, а за оваа година од буџетот на Владата се предвидени 200.000 евра. вдј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Привршуваат подготовките за откупот на тутунот

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ