Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Сугарески и Китанов на увид во изградбата на експресниот пат Штип-Кочани

Сугарески и Китанов на увид во реконструкцијата на патот Ранковце – Крива Паланка
Img 7972

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патиша Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип-Кочани (фаза 1 Штип-Крупиште) .

Китанов викендот информираше дека првиот дел од експресниот пат на потегот од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри е во завршна фаза. Најави дека ќе биде пуштен во јуни годинава.

Според Китанов, без застои се одвиваат и градежните работи на втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од 13,75 километри. Изградбата е започната минатата есен 2019 година, а краен рок е април 2021 година.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Буџетот е стабилен, одговара Владата по обвинувањата од Филипче

Потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), 600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ