Утрински Весник
Економија

Сугарески: Демократско е правото на протест, но не држи тезата на транспортерите

Сугарески: Демократско е правото на протест, но не држи тезата на транспортерите

Штип, 28 април 2020 (МИА) – Демократско право е на секој да протестира. Ние во изминатите три години се изборивме за слобода и демократија за разлика од она што беше режим кога буквално беше спречено правото на протест. Право е на транспортерите да протестираат, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Коментирајќи го денешниот протест на членките на „Макам-транс“ за покачената акциза на горивата, Сугарески рече дека сепак не им држи тезата за протестот.

– Има три клучни аргументи. Прво, зголемувањето на акцизата е заради солидарност, заради граѓаните на оваа држава и апсолутно не е никаков дополнителен товар за било кого. Второ, цената на нафтата во моментов е помала за 20 денари во однос на јануари и февруари. Денеска со најновото намалување на цената на дизел горивото, таа е најниска во последните 20 години. Уште еден важен аргумент е тоа што цената на нафтата кај нас е најниска во споредба со сите земји од регионот, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање по направениот увид на градежните работи на првата делница на експресниот пат Штип-Кочани.

Додаде дека во дадената ситуација сите треба да бидат солидарни и да покажат разбирање. вдј/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија