Утрински Весник
Економија

Сугарески: Во Прилепско вложуваме над 80 милиони евра во патната мрежа

Сугарески: Во Прилепско вложуваме над 80 милиони евра во патната мрежа

Во Прилепскиот регион вложуваме преку 80 милиони евра во изградба и рехабилитација на патната мрежа, a жителите добиваат модерни и безбедни патишта, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски изврши увид во градежните работи за рехабилитација на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште.

Како што појаснуваат од ресорното министерство, овој регионален пат се рехабилитира во должина од 9 километри.

Проектот се реализира преку програмата на ЈП „Македонија пат“ и е вовредност од 650 илјади евра. Градежните работи се во тек, а од денеска започнува асфалтирање на патот.

Градоначалникот Јованоски истакна дека рехабилитацијата на патниот правец е од големо значење за општина Прилеп.

„Овој пат е од витално значење за општина Прилеп, не само за жителите на околните места кои секојдневно гравитираат на овој потег, туку и за сите оние кои имаат викендици и поседи во Мариовскиот крај или се занимаават со сточарство, пчеларство и слично, поради што често патуваат по оваа делница“, изјави прилепскиот градоначалник.

Текстот Сугарески: Во Прилепско вложуваме над 80 милиони евра во патната мрежа е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“