Велес, 20 мај 2020 (МИА) – Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски од почетокот на годинава досега изнесува 15 отсто, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на изведба на градежните работи на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат Велес-Градско.
– Исто така, во текот на месец јуни ќе започне изградбата на систем за снабдување со вода за населените места: Раштани и Бузалково, информира Сугарески.
Дададе дека во фаза на подготовка е и основен проект за изградба на 29 социјални станови во Велес.
Директорот на ЈПДП Зоран Китанов воедно информира дека веднаш во јуни ќе се објави тендерот за проект изготвен минатата година за рехабилитација на регионалниот пат од Велес до Градско и понатаму до Неготино.