Утрински Весник
Македонија

Стoјаноска: Иднина не се гради без сочувани корени и без пренесен завет од колено на колено

Стoјаноска: Иднина не се гради без сочувани корени и без пренесен завет од колено на колено

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Дафина Стојаноска, носител на шестата изборна единица од коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со граѓаните од Волковија во Општина Брвеница.

– Се наоѓаме Волковија општина Брвеница, тука се корените на мојот син, зошто тука се корените на неговиот татко, зошто тука е роден неговиот дедо и неговиот прадедо. Велат каде што се корените таму ти е домот. На нас од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија битни ни се корените за да знаеме кои сме и чиви сме и за да знаеме кои сме и од каде сме. Но, и за да знаеме каде и како да продолжиме. Убава е Брвеница, убава е Волковија, убава е цела западна Македонија. Тие се наша гордост и наш аманет од предците, но затоа треба да сме свесни дека иднина не се гради без сочувани корени и без пренесен завет од колено на колено. Македонија е нашиот завет, истакна Стојаноска.

Таа при средбата со граѓаните порача дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија се обврзува дека Република Македонија ќе се исправи.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Режимот се врати, полицијата на Тошковски во служба на политички прогон во Демир Хисар

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и покрај изгласаната недоверба, во партиска служба и заштита на криминалите на СДСМ

ВЛЕН: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони?