Утрински Весник
Македонија

Студентите имаат четири дена да ги подигнат личните работи од студентските домови

Студентите имаат четири дена да ги подигнат личните работи од студентските домови

Почнувајќи од денес, студентите ќе имаат четири дена да ги посетат студентските домови со цел да ги подигнат своите лични работи, информираше директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Дарио Николовски.

Поради мерките за ограничено движење, посетите ќе се одвиваат во вторник од 12 до 16 часот, а од среда до петок во период од 9 часот изутрина до 13 часот.

„Оваа одлука се носи поради бројните барања на студентите и нивните потреби. Напоменуваме дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици додека при посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите“ соопшти Николовски.

По овие четири дена, домовите ќе бидат затворени се до донесувањето на позитивна одлука за продолжување со престој, иселување поради карантин или завршување на студиска година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“