Утрински Весник
Македонија

Студено утро со магла, а попладне сончево и потопло

Студено утро со магла, а попладне сончево и потопло

Времето наутро ќе биде студено, по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места по должината на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла во котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Можете да прочитате

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Возач на трактор загинал кај Градско