Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Струмичкиот театар почна со онлајн прикажување претстави

Струмичкиот театар почна со онлајн прикажување претстави
300x250 opst2

Струмица, 28 март 2020 (МИА) – Од синоќа Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица почна со онлајн прикажување претстави.

На почеток, по повод Светскиот ден на театарот, беше прикажана претставата „Ни ќар ни зијан” од Братислав Димитров во режија на Синиша Евтимов.

Вечер со почеток во 20 часот, на „јутјуб“ каналот на театарот, љубителите на оваа уметност ќе можат да ја проследат „Вртелешка“ од Артур Шницлер во режија на Драгана Таневска.

-Планираме да прикажеме над 20 претстави кои се снимени и ги имаме во нашата ризница. На онлајн репертоарот ќе се најдат претстави кои не ги играме, а меѓу нив ќе има од секаков жанр, а во неделите ќе прикажуваме детски претстави, информираше раководителот на струмичкиот театар, Драган Маџиров.рт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал

Мицковски: Ако Филипче го чувал идентитетот, тогаш зошто денеска се потребни црвени линии?