Утрински Весник
Македонија

Кичевската компанија „Атва- Маркети“ со донација од 290.000 денар за Општа Болница

Кичевската компанија „Атва- Маркети“ со донација од 290.000 денар за Општа Болница

Кичево, 28 март 2020 (МИА) – За време на вонредната состојбата со коронавирусот , компанија “Атва- Маркети” од Кичево донираше намирници за хигиена и други материјали во вредност од 290.000 денари  за потребите на кичевската Општа Болница.

Од материјалите донирани се покривки, перници, метли, џогери, средства за лична хигиена и хигиена за просторите.

– Се надеваме дека ќе ги поттикнеме сите оние кои можат и се во можност да го сторат истото за институциите кои моментално се први на предизвикот од пандемијата, кој колку може, во рамките на своите можности заеднички без поделби ќе ги надминеме потешкотиите, покажувајќи општествена одговорност и да се помогнеме , рече преставникот на компанијата.

Директорот на болницата др. Станко Трпески изрази благодарност до компанијата за оваа донација за која, како што рече навистина ни беше неопходна во оваа време. рз/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес