Утрински Весник
Македонија

Струмичкиот суд досега изрече 85 парични казни за непочитување на полицисикиот час

Струмичкиот суд досега изрече 85 парични казни за непочитување на полицисикиот час

Струмица, 28 април 2020 (МИА) – Основниот суд во Струмица досега изрече 85 парични казни во износ од петстотини до три илјади евра за кривичното дело за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информира Мариета Дукиќ, портпаролка на Основниот суд во Струмица.

Од Основното јавно обвинителство во Струмица до Судот се поднесени вкупно 124 предлози за издавање казнен налог и еден обвинителен предлог, рече Дукиќ.

Toj додаде дека одреден број граѓани имаат поднесено приговори на издадените казнени налози и според Уредбата роковите за приговор не течат и ќе се разгледуваат во редовна постапка по завршувањето на вонредната состојба. Граѓаните кои не поднеле приговор треба во законски определениот рок да ја платат изречената казна.

Според информации од ОЈО во Струмица расте бројот на пријави против граѓаните од Струмичко кои не ја почитувале забраната за движење и во фаза на подготовка се нови 27 пријави.рт/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс

40 степени измерени во Скопје во 14 часот (ФОТО)

За 8 часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл