Утрински Весник
Македонија

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Струмица, 4 јуни 2020 (МИА) – Кај 57-годишна струмичанка е констатирано присуство на Ковид-19. Тестот и е направен на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде таа се лекува.

Ова го истакна директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов откако денеска беше објавено дека меѓу новозаболените има и од оваа општина.

– Пациентката е жител на Струмица и се лекува на Клиниката. Немаме повеќе информации. Единствено знаеме дека е тестирана во Скопје, а според местото на живеење се води кај нас, рече директорот Витанов.

Инаку, во текот на денешниот ден или утре треба да се знаат и резултатите од првиот контролен тест на 32-годишниот струмичанец, кај кого беше утврдено дека е заразен на 20 мај.

Според информациите од Центарот за јавно здавје, тој и лицата со кои бил во контакт се во добра здравствена состојба. рт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема