Утрински Весник
Македонија

Стружанец паднал од трактор и починал

Синоќа во 10.40 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во с.Вевчани, Ш.В.(42) од с.Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал.

dobivaj vesti na viber

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Можете да прочитате

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс