Утрински Весник
Свет

Страшни фотографии од Харков по бруталниот руски ракетен напад

Страшни фотографии од Харков по бруталниот руски ракетен напад

Објавени се фотографии од плоштадот „Слобода“, главниот плоштад во Харков, кој утрово во 7 часот беше погоден од руска ракета.

Според украинската страна, во нападот загинале најмалку десет лица, а најмалку седум се повредени. Меѓу повредените има и едно дете. Зградата на локалната самоуправа се наоѓа на главниот плоштад во Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „тероризам“ што никогаш нема да и го прости на Русија.

Можете да прочитате

Путин и наложи на руската влада да ги обнови складовите оштетени во украинските напади

Секој Полјак, во просек, должи повеќе од 5.000 евра

Мета ги отфрла обвинувањата дека намерно предизвикувала зависност кај децата