Утрински Весник
Македонија

Сто семејства во социјален ризик од Кавадарци добија пакети со храна и хигиенски средства

Сто семејства во социјален ризик од Кавадарци добија пакети со храна и хигиенски средства

Кавадарци, 27 април 2020 (МИА) – Сто семејства во социјален ризик од Кавадарци добија по два пакети хуманитарна помош,  храна и хигиенски средства, донирани од  Фондацијата Отворено општество Скопје, а распределени преку кавадаречкиот Црвен крст.

-Се надеваме дека и овој пат потпомогнавме во ублажување на состојбата на ранливата целна група  население, кое  во овие тешки моменти на пандемијата со корона вирусот многу тешко се снаоѓа во секојдневниот отежнат живот, нагласија од Општинската организација на Црвен крст Кавадарци. свд/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски на Меѓународниот ден на Ромите: Различноста не е причина за поделба, туку извор на сила, креативност и напредок 

Објавена заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави

Штипјанецот Асанов го смени исказот пред судот: Двајца непознати ми ставија вреќа на глава и ме врзаа за дрво