Утрински Весник
Македонија

ОШЗС Куманово: Продолжуваат мерките за дезинфекција, поделба на пакети, делење на маски

ОШЗС Куманово: Продолжуваат мерките за дезинфекција, поделба на пакети, делење на маски

Куманово, 27 април 2020 (МИА) – Продолжува дезинфекцијата на јавните површини и станбените објекти во Куманово, информираа денеска од општинскиот кризен штаб. Во тек е и редовното делење на пакети  со храна, средства за хигиена и дезинфекциски средства за ранливите категории граѓани.

Редарската служба, велат од штабот, се наоѓаат пред објекти и дели бесплатни маски за граѓаните низ градот, а во делењето на маските се вклучени и инкасатори од ЈП „Чистота и Зеленило“.

Општинскиот штаб за заштина и спасување од моментот на периодот на самоизолација на дел од членовите, непрекинато, во континуитет одржува редовни состаноци на штабот преку видео конференциска врска помеѓу сите членови. Состаноците заради комуникацијата и координацијата, непречено функционираат и сите заклучоци и предлог мерки се операционализирааат на институцинални и оперативни нивоа преку сите субјекти во системот, се вели во соопштението на штабот.

Оттаму посочуваат дека секој субјект дејствува согласно заклучоците на ОШЗС, притоа  почитувајќи ги препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија.

Таквиот начин на функционирање на штабот ќе остане до моментот на физичкото врќање и повторно извршување на секојдневните работни обврски на секој од членовите, додаваат од штабот.ам/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards