Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Стојаноска: Заев и Филипче се виновни за задоцнетата набавка на вакцини

Стојаноска: Заев и Филипче се виновни за задоцнетата набавка на вакцини
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ реагира на процесот на вакцинација и набавката на вакцини за кои како што велат, „власта ги прави задоцнето“.

„За 24 часа Заев смени став, прво се плашеше од многу вакцини, за потоа да каже, дал налог за набавка на истите кои не му требаа, а починати од корона има повеќе од 3.000“, изјави Дафина Стојаноска.

„На лагите на Заев им нема крај. Ама токму тие лаги, таа неспособност и незаинтересираност на Заев и Филипче чинат животи. Заев е единствен политичар кој не направил ништо за да набави вакцини против корона. Прво вели не ни требаат уште вакцини ќе се доведеме во ситуација да има премногу вакцини, да има неколку милиони, второ, за 24 часа истиот тој Заев вели дал налог за набавка на руски вакцини. Дополнително на сето ова, Заев и Филипче во декември минатата година одбиле руски вакцини“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека бројката на заболени со коронавирус се зголемува и според нив виновни за таквата состојба се премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“

Почивалец: Ќе изградиме стационар за кучињата скитници во Радовиш

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден