Утрински Весник
Економија

Инспекторатот за животна средина вработува нови инспектори

Инспекторатот за животна средина вработува нови инспектори

Државниот инспекторат за животна средина го достави Планот за вработување за 2021 година и очекува позитивен одговор, откако Владата донесе одлука Министерството за финансии со највисок приоритет да одобри вработувања на нови инспектори.

„Побарано е одобрување да се вработат девет инспектори за животна средина, двајца водостопански инспектори и еден инспектор за заштита на природата, односно, би се вработиле вкупно 12 инспектори, со што би се покриле сите региони, вклучително и тие кои до сега немаа на располагање ниту еден инспектор“, соопштија од ДИЖЗС.

Планот за вработување треба да се одобри од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат